Филипче: Во континуитет се зголемуваат платите и дежурствата на здравствените работници

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на собраниската седница посветена на пратенички прашања истакна дека во изминативе две години издадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените установи и одобрени се повеќе од 900 специјализации за четири годишниот период.

-Со измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита овозможивме сите млади лекари веднаш по полагањето на испитот за лиценца во Лекарската комора, да добијат платено работно место од 30 илјади денари. Да бидат едуцирани од своите постари колеги, со цел на навлезат во системот и да бидат примени без ниту еден фактор на дискриминација. Секој што се пријави на огласот доби работно место, вкупно 290. Распределени се по Службите за итна медицинска помош, вакциналните пунктови и патронажните сервиси, потенцираше министерот Филипче.

Министерот Филипче изјави дека во континуитет се зголемуваат платите и дежурствата на здравствените работници, а приватните специјализанти по првпат се платени за својот труд.

-Приближно милијарда денари се вложени во платите, примањата и надоместоците на сите вработени во јавно-здравствениот сектор и уште толку, приближна сума се спрема да биде инвестирана во истото, платите да достигнат 100 илјади денари на докторите специјалисти, рече министерот Филипче и додаде дека во некои клиники и сега достигнува 100 илјади денари како нето примања заедно со дежурствата.

Од собраниската говорница, Филипче истакна дека зголемувањето на капитацијата не е само зголемување на примањата на матичните лекари, туку и имплементирање на сериозна реформа во примарното здравство. На овој начин, ќе бидат стимулирани согласно моделот на Словенија да пружат сериозна услуга во смисла на превенција и рано откривање на одредени болести.

-За две години воведовме пет нови лекови за ретките болести. Сега имаме оригинални инсулини, со сертификат за квалитет. Дополнително, вложени се 100 милиони денари за двегодишен период. Се набавија две нови вакцини, против рота и пнеумокок. Вакцините против грип се во завршна фаза на набавка. Во периодот од неколку денови што следи ќе бидат бесплатно на располагање на пациентите од ризични групи: пензионерите без разлика на висината на пензијата, децата до пет години, трудниците вакцинирани во првите десет дена на ноември, кажа Филипче.

Според него, нашите граѓани заслужуваат да имаат модерен Клинички центар.

-Еднаш се прави таква инвестиција која ќе трае со години и децении пред нас. Ништо не може и нема алтернатива да замени еден таков модерен, медицински објект, како што изгледаат сите болници во Европа, истакна министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство