(ВИДЕО) Палмер: Поддршката на САД за европската перспектива ја разјаснивме тука, а тоа ќе го разјасниме и со нашите европски партнери

Од:

САД се пријател и партнер на Северна Македонија и остануваат постевени на унапредување на односите со земјата и на нејзината европска интеграција, во која се вклучени и двата процеса, членството во НАТО и во Европската унија.

Ова е пораката што за време на престојот во Скопје ја испратил специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, кој изминативе денови имаше средби со претседателот Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а денеска и со премиерот Зоран Заев.

-Пораката е дека САД се партнер и пријател на Северна Македонија, ние сме посветени на оваа релација со Северна Македонија и на нејзината европска интеграција, што ги вклучува и НАТО и ЕУ. Патот на Северна Македонија до НАТО е чист, а за патот до вашето членство во ЕУ едвај го чекаме партнерството со властите во Скопје и со тие во Унијата, порача Палмер во изјавата што ја даде пред Владата, по средбата со премиерот Зоран Заев.

Палмер истакна дека за време на неговата посета била реафирмирана желбата за европската перспектива на Северна Македонија.

-Тоа го разјаснивме тука во Скопје, тоа ќе го разјасниме и со нашите европски партнери, рече Палмер и потсети дека имал средба и со амбасадорите на земјите од ЈИЕ, на која била споделени перспективите за натамошниот развој на регионот.

Нагласи дека за време на средбите во Скопје имал конструктивни разговори за неодамнешните случувања во Северна Македонија, во Брисел, во регионот.

Палмер додаде дека изразил задоволство од ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на Сенатот на САД и додаде дека Вашингтон со нетрпение чека земјата да стане 30. членка на НАТО.

Во врска со Договорот од Преспа рече дека САД продолжуваат да го поддржуваат и нагласи дека тој е мошне важен за безбедноста и стабилноста на целиот регион.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он