Граѓански организации: Да се активираат армијата и полицијата за здрава животна средина

Од:

Здружени граѓански организации и иницијативи во отворено писмо бараат од претседателот на државата Стево Пендаровски и од премиерот Зоран Заев да активираат припадници на армијата и полицијата за да се заштити правото на граѓаните на здрава животна средина, како што укажуваат, согласно со член 43 од Уставот и да се одржи јавниот ред и мир во општеството, согласно член 3, член 5 и член 14 од Законот за полиција.

– Секојдневно сме сведоци на запалени депонии, палење на оган на отворено и шумски пожари, кои го загрозуваат здравјето и физичкиот интегритет на граѓаните. За таа цел, бараме припадници на армијата и полицијата во координација со сите капацитети на Дирекцијата за заштита и спасување, Регионалните центри за управување со кризи, Општинските штабови за заштита и спасување, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот комунален инспекторат, Инспекторат на Град Скопје и инспекторатите на општините-активно да се вклучат во неколку активности, стои во писмото на „О2 Иницијатива“.

Оттаму бараат да се организираат секојдневни патроли на припадници на армијата и полицијата на терен со цел да се превенира и санкционира палење огнови на отворено, пред сè, палење отпад и диви депонии, како и да се организираат ноќни дежурства на припадници на Армијата и Полицијата со помош на припадници на ДЗС и РЦУК и општинските штабови за ЗиС на критични точки во Градот Скопје и низ Републиката, кои се најфреквентни места за палење на огнови на отворено. Воедно да се едуцираат граѓаните на терен за штетните последици од палењето на огнови и отпад на отворено, од здравствен аспект, да се организираат редовни патроли на припадници на армијата во национални паркови и планински предели кои се најфреквентни и најподложни на пожар.

Сметаат дека армијата и полицијата можат и мораат активно да се вклучат во заштита на своите граѓани, нивното здравје и живот, на животната средина и со своето присуство на терен да делуваат согласно со законските ингеренции, со цел да се спречат вакви појави.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари