На границата помеѓу БиХ и Хрватска поставени плакати „Хрватска полна со тортура“

Од:

Хрватската иницијатива за поддршка на бегалците „Добредојдовте“ соопшти дека во близина на границата со Босна и Херцеговина поставиле плакати со натписи кои ја критикуваат Хрватска.

На плакатите пишува „Добредојдовте во Хрватска“ и „Хрватска полна со тортура“ на англиски јазик.

Како што е наведено, плакатите се поставени откако Европската комисија објави дека Хрватска ги исполнува условите за влез во шенгенскиот простор, иако „во Хрватска е нормализирано и институционализирано насилството“.

Целта на плакатите, како што велат од Иницијативата, е да се порача дека вистината на мигрантите кои секојдневно се изложени на полициска репресија е посилна и погласна од палки, ротирачки светла и ќелии и дека луѓето кои секојдневно трпат удари, навреди и пцовки зборуваат поавтентично за Хрватска од „истрошените туристички пароли“.

– Тие зборуваат за репресија која не познава граници, за насилство што се прелева и врз нас, за насилство кое ги напаѓа жените и девојчињата, ги заплашува трансродовите луѓе, ги мрази Србите и Ромите, ги изгладнува работниците, ги прогонува активистите и новинарите, ги тепа антифашистите и слободарите, се наведува во соопштението на иницијативата „Добредојдовте“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра