Бајрами – Ахмети за „Монструм“: Извршителите на убиството се професионалци

Од:

Убиството на децата и автомобилот од кој има траги на местото на убиството, а е однесен во близина на границата со Косово, покажува дека извршителите се професионалци. Оваа смс комуникација меѓу поранешниот заменик-министер за внатрешни работи, Џељал Бајрами и лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска беше прочитана на рочиштето за „Монструм” за убиството на момчињата и рибарот што се случи кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.

Во една од пораките Бајрами на Ахмети му вели дека му кажал и на тогашниот премиер Никола Груевски дека се професионалци тие што ги убиле децата и му објаснил дека доколку се сакало да се предизвика криза немало да им пукаат во грб. Му кажал дека и во Косово и во 2001 година во Македонија кога требало да се направи криза тоа се правело со напад на униформирани лица или полициска станица.

Во СМС комуникација меѓу Ахмети и Чеику, соговорникот на лидерот на ДУИ му кажува дека биолошкиот материјал не припаѓа на луѓето кои се испрашани. На Груевски, во една СМС, некој му кажува дека е организирано спроведување на некој човек.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапнци на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски