Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел ги негираше гласините дека имал спор со напаѓачот Килијан Мбапе.
Германецот изјави дека не разговарал со играчот по натпреварот во Лигата на шампионите со Бриж (5-0).
– Нема да кажам дали Мбапе ќе биде во почетниот состав за натпреварот со Марсеј. Килијан и јас не разговаравме во вторникот. Велат дека имавме спор во соблекувалната, но тоа не е случај. Јас разговарав со него само на теренот и нормално Мбапе не можеше да игра повеќе од 50 или 60 минути, рече Томас Тухел.
Вечерва ПСЖ е домаќин на Марсеј во дерби дуелот од Лига 1.