Португалската социјалистичка Влада денеска положи заклетва за втор четиригодишен мандат, а Антонио Коста ја задржува премиерската функција.
Министер за финансии останува Марио Сентено, а ресорот надворешни работи го задржува Аугусто Сантош Силва.
Ново – старата Влада, која ќе ја сочинуваат 11 мажи и осум жени – постави четири приоритети – климатските промени, стареењето на нацијата, еднаквоста и дигиталниот развој.
Социјалистичката партија на парламентарните избори одржани на почетокот на овој месец доби најмногу гласови, но не и апсолутно мнозинство во парламентот.