Богатството на Тито го кријат од наследниците

Од:

На отворањето на сефот на Народната банка на Србија во кој се наоѓаат 11 пломбирани вреќи со предмети, кои му припаѓале на Јосип Броз Тито, ќе присуствува само тричлена комисија на Претседателството на Србија.

Адвокатите на Титовите наследници оценуваат дека би било логично наследниците на Тито, како и нивните застапници и претставници на судот да присуствуваат на отворањето на сефот.

Во тричлената комисија се советниците на претседателот на Србија Томислав Николиќ, Оливер Антиќ и Мирослав Симиќ, како и заменикот на генералниот секретар на претседателот на Републиката Ненад Јевремовиќ.

Антиќ на почетокот на февруари изјави дека се чека датум кога сефовите ќе бидат отворени.

Во Првиот основен суд во понеделник пристигнал допис со кој Претседателството ги0 информирало дека ја формирале комисијата која ќе го одреди датумот и ќе направи попис за она што ќе го најдат во сефовите.

Самиот Антиќ не сакал да дава изјава за „Блиц“, со образложение дека не дава изјави се до отворањето на сефовите во НБС.

Адвокатот Горан Петронијевиќ, полномошникот на Титовиот внук Јошка, вели дека што се однесува до него и неговите клиенти, сефот може да го отворат и без нив, но бара вештите лица кои треба да утврдат што е Титова сопственост, а што државна да ги ангажира само судот.

И адвокатот Виолета Кочиќ-Матичек застапничка на Титовиот син Мишо и внуката Златица, смета дека е логично наследниците и нивните полномошници да присуствуваат на отваорањето, бидејќи наследниците дознаа каде се вреќите и самите побараа нивно отворање.

Во НБС потврдуваат дека нивни претставници нема да присуствуваат на отварањето на сефот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но гробот на Тито останува во Белград

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Четириесет и една година од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска