Шише шкотско виски го собори рекордот на аукција во Лондон, бидејќи беше продадено за 1,45 милиони фунти, или скоро 1,7 милиони фунти, соопшти аукциската куќа Содеби.
Претходен рекорд за шише виски беше постигнат минатата година кога алкохолот од истата дестилерија на Шкотска Макалан беше продаден за 1,5 милиони фунти.
A bottle of Macallan (a 60 Year Old 1926 rare Scotch whisky) has become the most expensive malt in history. It was sold for £1.5million. pic.twitter.com/IuOmcfciyY
— Osagie?? (@Uyi28official) October 25, 2019
Шишето алкохол кое достигна рекордни 1.7 милиони евра е произведено во 1926 година, а беше флаширано во 1986 година.
Има само 40 шишиња од ова виски и затоа се смета за „светиот грал“ на тој вид алкохол.
Елегантното шише од 700 милилитри се проценуваше на 450.000 фунти (519,000 €). Инаку, куќата на Содеби не го прецизираше идентитетот на купувачот.