Убиецот на Мартин Нешкоски една недела во бегство

Од:

Игор Спасов, специјалецот осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешкоски, веќе една недела се нема јавено на доиздржување на казната затвор во „Идризово“.

Казната лани му беше ставена во прекин поради здравствени причини, а од Управата за извршување санкции тогаш изјавија дека тој не може да се лекува во затворот „Идризово“. На доиздржување на затворската казна Спасов требало да се јави во петокот, но тоа не се случило.

„Казната му беше во прекин од 29 август 2018 година, поради здравствени причини. Тој требаше да се јави во затворот на 18-ти овој месец, односно минатиот петок. Ние го известивме судот и баравме образложение дали судот му го продолжил прекинот или пак лицето треба да се јави на доиздржување на казната, но одговор се уште немаме“, ни изјави Боби Мојсовски, директор на затворот „Идризово“.

Неофицијално, штипскиот суд не му го продолжил отсуството на Спасов и за истото го известил МВР, што значи дека Спасов уште минатиот петок требал да се јави на доиздржување на казната затвор.

Од МВР велат дека до денеска до 11 часот, од штипскиот суд не добиле никакво известување.

„Веднаш штом добиеме такво известување од судот, ќе се активира МВР“, вели Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Игор Спасов беше во притвор од 7 јуни 2011 година, а потоа го започна издржувањето на затворската казна до 29 август 2018 година, кога имаше прекин на казната поради здравствени причини. Тој досега има издржано половина од 14-годишната затворска казна, а беше осуден поради убиството на младиот Мартин Нешкоски на плоштадот во Скопје, додека ВМРО-ДПМНЕ ја славеше победата на изборите.

Би можело да ве интересира

Братот на исчезнатиот Македонец во Грција бара помош од Владата и МНР: Веруваме дека е жив, потрагата не смее да запре

Ландов

ВИДЕО: Екстрадиран Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски – полицијата го спроведе во „Идризово“

Кристијан Ландов

Бугарскиот амбасадор очекува за неколку месеци да заврши постапката за екстрадиција на бегалецот Игор Спасов

Ана Ололовска

Испратено барање до Бугарија за екстрадиција на Игор Спасов

Ана Ололовска

Екстрадицијата на Спасов неизвесна, Бугарија досега одобрувала, но и одбивала да испорача осуденици во Македонија

Кристијан Ландов

Игор Спасов бил уапсен во Софија поради семејно насилство

Ана Ололовска