Исланд го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Од:

Парламентот на Исланд попладнево го ратификуваше Протоколот на Северна Македонија за членство во НАТО.

– Веста за 26. ратификација на Протоколот за членство во НАТО, во парламентот на Исланд, ја добив во Брисел, на состаноците на Северноатлантскиот совет. Благодарам за доследноста. Денеска имав успешни средби и со грчкиот колега, Никос Панагиотопулос, со министерот за одбрана на Естонија, Јури Луик, и со помошник генералниот секретар Патрик Тарнер. Членството во НАТО станува реалност #WeAreNATO, напиша вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на својот „Фејсбук“ профил.

Преостанува уште три земји да го ратификуваат Протоколот за нашето членство во НАТО. Се очекува тоа наскоро го сторат уште Франција, Холандија, и Шпанија.

Би можело да ве интересира

Германија масовно ќе ја бомбардира Русија ако таа нападне членка на НАТО

Путин: Бесмислено е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина

Москва: НАТО сака да ја потчини Србија и ги засилува напорите да ја привлече во својата орбита

Бабиш: Чешка нема да ја исполни целта за одбранбени трошоци на НАТО

САД упатија нови критики кон своите сојузници во НАТО

Медведев им се закани на граѓаните на ЕУ: „Мирниот сон заврши“