Американската двојка Еерик и Меган Волбер на својот најубав ден, наместо да го прославуваат влегувањето во брак со своите пријатели, завршија прво во вода а потоа во хотелските соби во потрага по фенови и сушалки.
На почетокот на свадбената церемонија среќната двојка со своите најблиски пријатели позираат на мовче на езерото Ган близу нивниот дом. Но само по 30 секунди од фотосесијата, малото дрвено мовче, наеднаш попушта под тежината на младенците и сите завршуваат во водите на езерото.
Но она што привлече повеќе внимание, од младенците во вода, беше однесувањето на младоженецот. Додека тешкиот повеќслоен невестински фустан ја влечеше младенката во вода, младоженецот ја заборави својата сакана и гледаше што побрзо да спаси глава од плитките води на езерото.
За среќа, тука беа деверушите кои и помогнаа на својата пријателка да излезе од езерото. Но оваа незгода сепак не го уништија свадбениот ден на Волберови. Младенците и нивните пријатели случката ја прифатија низ добар хумор. Единствени се дека во желбата да имаат уникатни свадебни фотографии – добија единствени, каде младоженците се мокри од пети до глава.
Ако се цени по почетокот на брачниот живот, младоженците ги очекува непредвидлив и весел брачен живот.