„ИЗБЕРИ ДЕЛА“ наспроти „ИДНИНАТА СЕГА“

Од:

Со овие изборни слогани на претстојните локални избори 2013, коалицијата за Подобра Македонија предводен од ДПМНЕ и Сојуз за иднината предводен од СДСМ, треба да ги вкрстат аргументите и да ги убедат гласачите кој заслужува доверба да ги води во наредниот период.

И тоа би било сосема нормално, да сме нормална држава, да е владењето на право на цела територија и за сите да важи подеднакво, да ни е сиромаштијата и невработеноста под десет проценти, да имаме одговорна и легитимна власт која не вовела во НАТО и добила датум за отпочнување на преговори за членство во ЕУ.

Но, ние денеска сме исправени пред сосема друга дилема. Во државата имаме Парламентарна криза, сите државни институции се партизирани, Судството е партиски контролирано, Јавен обвинител е по мерка на власта, а власта за Општините каде што има свои градоначалници е мајка а каде што се од опозицијата е маќеа. Децентрализацијата е делумно завршена, но сеуште со огромно влијание на централната власт врз локалната самоуправа.

И сега, наместо да се развие локална битка за гласови во секоја Општина поединечно, во борба за решавање на интересите на граѓаните од локално значење, во Македонија всушност се одвива битка за предвремени парламентарни избори како нужно зло за излез од настанатата криза. Криза која е намерно создадена за да се избегне решавањето на спорот со соседна Грција за името, и на тој начин се отворат евроатлантските перспективи за Република Македонија, а не едноумието да се продлабочи и прошири.

И замислете, треба да „избереме дела“, канти за смет за секое семејство, купени со пари на граѓаните, да прифатиме лага дека автобусите купени со кредит се „донација на Влада на РМ“. Па кај сте учеле економија, како може нешто купено на кредит кој ќе го враќаат граѓаните, да се прогласи за донација?! Не срамете ги професорите што ви пишале преодни оценки на факултет, веројатно да знаеле дека оваа ќе го правите, уште би ве држеле на студии. Ама тоа вам не ви пречи. За да успееш во ДПМНЕ, дипломата нема значење, таа се купува или добива како заслуга. Многу побитна е слепа партиска еднолиниска послушност, што поголема ароганција и што поголема смелост за искажани глупости (пример на Амди Бајрам , коалиционен поскушник и нему слични), се повеќе напредуваш во политиката.

Наведете во вашите дела колку стопански објекти изградивте, со колку енергетски објекти можете да се пофалите, со колку километри патишта и автопат (за 7 години, 7 километри од Речица до Табановце). Кои се вашите капитални инвестиции од продуктивен карактер, каква е нивна финансиска структура, потеклото на парите и услови под кои се земени, и кој ќе има бенефит од тие споменици (бетон, железо, бронза и авторски хонорари). Што може да очекува задолжениот граѓанин од тие непродуктивни споменици на долг рок, освен ануитет за кредит. Дали не ви стана јасно дека ви е прочитан метод на привидно легално ама нелегитимно испумпување на буџетски пари за партиски и лични потреби, преку проектот Скопје 2014, проект крстен пералница на пари за ДПМНЕ, за кој по ревизија сигурно ќе даде шокантни резултати – кој се, и на кој начин учествувал во оваа организирана криминална акција.

Наместо ветените осум милијарди евра странски инвестиции, дочекавме пет – шес милијарди евра кредитно задолжување без отчет, без транспарентен пристап до информации, без право на ревизија на потрошеното и задолжувањата со кои државата ќе потоне во бездна.

Тотална окупираност и контрола на јавните медиуми, неможноста за слободно изразување на јавното мислење, делување на платеничките телевизии, кои наместо да не информираат, не усмеруваат како треба да ги гледаме работите и како да размислуваме, произведе поинаков начин на делување на слободноумните граѓани наречен ОТПОР кој го иницираа партиите од Сојузот за иднината, но кој широко беше прифатен и од неопределените граѓани по партиска линија, но определени за демократско, слободно и перспективно општество.

Затоа овие локални избори ќе бидат своевиден референдум во кој правец да оди Република Македонија.

На граѓаните им е најбитна перспективноста, извесно утре, слобода на изразување, чувство за функционирање на правна држава подеднакво за сите, законито работење и еднакви правила на игра независно од партиска, национална или верска припадност. Оваа со еден збор се вика, потреба за заживување на ГРАЃАНСКО ДЕМОКРАТСКО ОПШТЕСТВО, какво впрочем го гарантира важечкиот Устав на РМ.
Убеден сум дека и во самите редови на ДПМНЕ се буди свеста за осамостојување на членството во смисла на слободоумно размислување во оквирите на партијата, каде треба да се судрат идеите а не слепа послушност, да се вреднуваат членовите дека носат глава со која сами размислуваат и одлучуваат, а не дека се клонирани и не смеат поинаку ни да помислат а камоли да се спротивстават и делуваат.

Формално ќе се случат локални избори, но во пракса тоа ќе биде конечно граѓанско кажување НЕ на апсолутистичко – тоталитарен режим од страна на Груевски и неговото блиско семејно и партиско опкружување. Чврсто верувам дека 24 март ќе биде голем ден, ден кога граѓанинот ќе се издигне на висината на своите интереси и конечно ќе ја врати Република Македонија на вистинскиот пат, пат на демократско живеење.

Е затоа е избран слоганот „ИДНИНАТА СЕГА“ и ВРЕМЕ Е таа да победи.

Мирослав Трлин Член на ЦО на НСДП

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска