Нови 9 години затвор за Ѓоко Поповски за набавката на полициски возила

Од:

Судијката Добрила Кацарска попладнево повторно го осуди на казна затвор од 9 години, поранешниот помошник – министер во МВР, Ѓоко Поповски, откако во декември 2018, скопска Апелација и’ го укина предметот. Поповски е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување и го оштетил буџетот за над 450 илјади евра. Во затворот му се засметува и времето поминато во притвор.

Кацарска во мај 2018 го осуди Поповски на казна затвор од 9 години за набавката на 300 полициски возила. Тој го доделил тендерот на фирми чии понуди не биле економски најповолни.

„Со тоа е нанесена штета на МВР од огромни размери“, рече Кацарска пред Поповски кого го донесоа од затворот да ја чуе пресудата.

„Обвинетиот не можел, а да не знае кои се најповолни понуди, и покрај тоа ги повластил економските оператори“”, образложи Кацарска.

Судијката цитираше и извадоци од „бомбите“, каде што ексминистерката Гордана Јанкулоска кажува дека направиле финта за да бидат сите задоволни.

Поповски има право на жалба до Апелациониот суд.

Тој е осуден и за предметот „Тенк“ со набавката на „мерцедесот“.

Би можело да ве интересира

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

Украинскиот амбасадор во Германија ја поздрави „големата тенковска коалиција“

А1он

Британско разузнавање: Москва испраќа нови тенкови на бојното поле, војниците не ги сакаат

Варшава очекува брзо одобрение од Берлин за испраќање тенкови во Украина

А1он

ВИДЕО: „Мерцедесот на Груевски“ се вози, но се крие колку се троши за сервисирање – ништо од ветувањата за продажба и амбулантните возила

Кристијан Ландов

Германија ќе и испрати седум тенкови „Гепард“ на Украина

А1он