Први споменици на жени во Централ парк

Од:

Њујорк Сити одобри подигнување споменици во Централ парк, на кои првпат ќе се наоѓаат остварени жени.

Тоа вчера го изгласа градската комисија, со цел да им се оддаде почит на трите жени – пионери во борбата за човекови права: Сузан Б. Ентони, Елизабет Кејди Стентон и Соџернер Трут.

Во познатиот њујоршки парк моментно се наоѓаат 23 статуи на мажи, кои ја одбележиле американската историја, но досега немало ниту еден споменик посветен на некоја вистинска жена.

Спомениците се очекува да бидат поставени во август следната година, кога се одбележува 100-годишнина од правата на жените во САД да гласаат.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски