Во последниот натпревар од 10. коло во француската Лига 1, Олимпик Марсеј синоќа на домашен терен го совлада Стразбур со 2:0.
Стрелци на головите за домаќините беа Бубакар Камар во 3. и Кевин Стротман во 90+5. минута.
Ова беше прва победа за Марсеј по четири средби без полн погодок.
Со новите три бода Олимпик Марсеј се искачи на 4. место на табелата со 16 бода, додека Стразбур е последен (20. место) со девет бода.