Чувство како дома далеку од градскиот метеж, но блиску до убавините на Скопје

Од:

Новоизградената Вила Михаела нуди мир од метежот, но сепак во близина на градот. Поминатите 7 километри од центарот на Скопје до населбата Хиподром ве носат до катче што релаксира како дома. Сепак нуди и професионални услови доколку барате комотен и пријатен простор за работа ако во план имате состаноци, мали конференции, семинари или презентации, како и тим-билдинг.

Одморете се во една од вкупно 17 спални соби опремени според високи стандарди. Секоја со сопствена бања, клима уред, телевизор, минибар и интернет. Доколку имате потреба, овозможуваме и услуги за перење.

На располагање е и повеќенаменската РЕЛАКС СОБА предвидена за дружење, гледање телевизија, пиење кафе, но и уживање во добра книга. Нашите гости можат бесплатно да изберат книга од нашата библиотека и да читаат во удобноста на нашата дневна соба, на отворениот балкон или во нашиот простран двор. Без разлика дали сте на релаксација или тим билдинг, доколку сакате да се забавувате пеејќи со вашите блиски или со колегите, од персоналот побарајте дозвола за користење на караоке машина или Play Station доколку сте љубители на предизвиците од видео игрите. Релакс собата е на располагање секој ден од 10:30 до 22:30 часот, освен во периоди кога се користи за приватни настани (презентации, семинари, тим-билдинг состаноци).

Вилата има и ТЕРЕТАНА која ќе ја задоволи вашата потреба за спортување и рекреација. Од 7:30 изутрина до 22 часот добредојдени сте да ги користите лентата за трчање, топки, тегови и други реквизити, душеци за јога, како и справите како Орбитрек, Аброкет, Тотал џим, и други.

Уште една од просториите што ќе ги задоволат вашите барања е и целосно опремената кујна со различни видови апарати, која служи ладен доручек од 07:30 до 10:00 часот наутро. На располагање се и неколку вендинг апарати доколку сакате да се послужите со кафе или сокови, како и нешто за грицкање.

Возилата на гостите се безбедни на нашиот приватен паркинг обезбеден со камери за видео надзор. Доколку не сте со свое возило, овозможуваме бесплатен превоз до центарот на градот (во 08:30 и 10:30 часот) и во обратна насока (во 17:30 и 19:30 часот). За договорен финансиски надомест нудиме и превоз до дестинации во низ Скопје, како и бесплатен превоз од и до Меѓународниот аеродром Скопје.

Нашето искуство со патувања и авантури нѐ доближува до туристите на кои им нудиме пријатен престој. Без разлика дали сте од земјава или од странство, на оние кои времето поминато кај нас ќе сакаат да го посветат и на запознавање на градот им нудиме и посебни персонализирани и групни тури низ Скопје и неговата околина со лиценциран и искусен туристички водич.
Уште нешто со кое Вила Михаела се гордее е персоналот кој е тука за да ви помогне. Неговата посветеност и љубезност се споменувани и во бројните препораки на социјалните мрежи. Нашата обрска е пријатниот престој на нашите клиенти, а нашето мото е „Како дома“.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Пановски: Фирма која лаже граѓани за здравје треба да се затвори

Анита Петровска Рајковиќ

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

A1on

Животот е за забава: Нов и модерен е-шопинг со јапонскиот шмек на МИНИСО

Ана Ололовска

Компанијата Фине – станува FINE HOLDING

Ана Ололовска

Уште поширока понуда на производи на Хемофарм за пациентите и потрошувачите во Северна Македонија

Ана Ололовска