Плимонт – економично, еколошко и безбедно решение за вашиот автомобил

Од:

Економично, еколошко и безбедно. Ова е она што сакат да го слушнат возачите и сопствениците на автомобили. Токму тоа го нуди и гарантира Плимонт – пионер и лидер во земјава кога станува збор за автогасни уреди.

Плимонт математиката е многу едноставна – возите ДВОЈНО ПОЕВТИНО. Месечната потрошувачка на гориво доколку изберете да возите на плин е двојно помала! Да речеме дека годишно возите по 10 000 километри низ град, а автомобилот во просек ви троши по 10 литри на еден километар. Грубо пресметано значи дека плаќате 70 000 денари доколку користите бензин. Доколку возите на плин, сумата се намалува за половина и стигнува до 35 000 денари. Точно половина! Плимонт е дистрибутер и овластен сервисер за докажаниот италијански бренд Landi Renzo.

Оттаму пресметале дека со нивните LPG или CNG системи трошоците за гориво се намалуваат за дури 60 проценти.

Вложените средства во инсталирање на автогасен систем се враќаат многу брзо преку преполовените трошоци за гориво, бидејќи цената на ЛПГ во просек е 50% пониска од цената на бензинот. За автогасен систем од новата генерација секвенционални LPG системи, враќањето на инвестицијата е веќе по поминати 12 000 до 14 000 километри, или нешто повеќе од една година. Секако распрашајте се и за поволната мерка за субвенции за вградување на плински и метанов уред што ја најави државата. Воедно, бидете во тек со акциите што Плимонт ги нуди постојано за поповолно конвертирање на возилата на гасен погон.

Што се однесува до ЕКОЛОШКО возење, Плимонт е фирма што мисли и на животната средина и затоа внимателно избира што нуди. Landi Renzo е еко-пријателски бренд. Нивните LPG уреди успешно ја намалуваат емисијата на јаглероден диоксид за 10 отсто, а CNG системите за 20%. Доколку патувате во странство ова значи дека нема да наидете на ограничувања, односно најголемиот број од светските градови нема да го ограничи или забрани движењето на автомобилите што возат на погон на плин, дури и во денови кога загадувањето е на високо ниво.

Ако размислувате за тоа дали и колку е БЕЗБЕДНО да возите на плин, воопшто не се грижете. Плимонт постои 18 години со што е пионер и веќе синоним за автогасните уреди кај нас, воедно и најстариот и најголемиот снабдувач со автогасна опрема во земјава. Без разлика дали добивате LPG или CNG уред, односно уред на плин или метан, имајте на ум дека претходно тој поминал многу европски тестирања и ги исполнил стандардите.

Вградувањето и одржувањето на плински уред во вашиот автомобил во Плимонт значи и дека фирмата е со вас секаде, благодарение на соработниците преку кои обезбедува сервисирање на автогасните системи на целата територија на државата. За своите потрошувачи ја обезбедува и целата палета на производи и сите потребни услуги за нега, грижа и одржување на вградените уреди. Сето тоа со врвен квалитет и благодарение на тимот кој, како што велат нашите клиенти, е исклучително внимателен, особено искусен и стручно подготвен.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Пановски: Фирма која лаже граѓани за здравје треба да се затвори

Анита Петровска Рајковиќ

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

A1on

Животот е за забава: Нов и модерен е-шопинг со јапонскиот шмек на МИНИСО

Ана Ололовска

Компанијата Фине – станува FINE HOLDING

Ана Ололовска

Уште поширока понуда на производи на Хемофарм за пациентите и потрошувачите во Северна Македонија

Ана Ололовска