Голем пожар во атарот на росоманското село Паликура

Од:

Голем пожар избувна вечерва во атарот на росоманското село Паликура.

Од Противпожарната единица од Кавадарци за МИА потврдуваат дека вложуваат максимални напори да се справат со огнот кој зафатил околу 20 хектари трева и нискостеблеста шума, но и површини со земјоделски култури.

– Пламените јазици опфатија ниви главно со пиперки „куртовска капија“ од кои се прави ајвар, но и лозја, праскови дрвца. Пожарот се движи кон блиските викендици и вложуваме максимум од себе огнот да не зафати објекти, а штетите да бидат што е можно помали, нагласуваат од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

Оттаму додаваат дека на терен е испратено едно противпожарно возило и четворица пожарникари.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски