На 12 април ќе имаме избори и тоа ќе да биде добар ден за сите, кога ќе изгрее ново сонце, особено кај Албанците, изјави лидерот на Алтернатива, Африм Гаши по лидерската средба што се одржа вечерва во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.
Тој кажа дека очекува дека ќе има промени по предвремените парламентарни избори на 12-ти април наредната година, особено во албанскиот блок.
– Очекуваме дека после 12 април ќе има промени особено во албанскиот блок. Ние прифативме датум за избори и очекуваме демократски и фер процес. рече Гаши.