Движењето на граѓани „Разбуди се“ е згрозено од веста објавена на Алсат М и неколку албански портали кои ја пренесоа, како што велат, скандалозната изјава на претседателот на ДПА, Мендух Тачи, дадена во гостиварско Чегране дека „Нема аир“ од Албанците надвор од Тетово и Гостивар, односно во Скопје, Куманово, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Битола, Велес, Долнени.
Додека „Разбуди се“ протестираше во 2007 година против политичките и исклучувачки ископувања на скопското Кале, во обид да го стопира почетокот на проектот „Скопје 2014“, токму потпретседателот Мендух Тачи беше тој кој што ги етикетираше нашите напори и излезе во одбрана на асимилирачката кампања со зборовите „Скопје не ме интересира, Тетово е главен град на Албанците. Нека изградат уште 3-4 цркви во Скопје, воопшто не ме интересира“, се вели во соопштението од „Разбуди се“.
Според здружението граѓаните на Тетово и Гостивар не ги делат таквите ставови и ќе се дистанцираат од политика која што внесува поделба и омраза помеѓу Албанците во Македонија.