Адеми во трка со времето, шансите да игра против Шахтар се 50:50

Од:

Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми, има 50 проценти шанси да заигра на гостувањето од Лигата на шампионите кај украински Шахтар во вторник.

Адеми кој има повреда на глуждот, здобиена на натпреварот со Словенија во Скопје, оди на терапии, повредата не е целосно санирана, и проценката е дека шансите да се појави на мечот со Украина се половични, а и ако настапи, ќе мора пред дуелот да прими инјекција против болки.

Адеми и денеска нема да тренира, а тимот утре треба да отпатува, па ако се најде во авионот, ќе треба да игра без ниту еден одржан тренинг во последните десетина дена.

Сепак, тренерот Ненад Бјелица верува дека и Адеми ќе може да игра, неговото присуство на терен е значајно за екипата.

Би можело да ве интересира

УЕФА на Хрватска и ја изрече најголемата казна во историјата поради расистичко однесување на навивачите

Предраг Петровиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

Почина 15-годишен хрватски фудбалер, колабирал на теренот

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска