Алтернатива: Одбивањето на ЕУ налага предвремени избори

Од:

Политичката партија Алтернатива, по негативната одлука за преговори за членство на држвава со Европската унија побара што побргу да се прогласат предвремени избори, кои, како што вели лидерот Африм Гаши, ќе го потврдат ставот на граѓаните за своите посакувани претставници.

Конечната одлука за нивниот иден став и позција ќе ја донесат на Централно собрание на партијата што ќе биде свикано набргу.

-По одлуката на Европската Унија на Северна Македонија да не му се даде датум за започнување на преговори за членство во ЕУ, со тоа упатувајќи порака дека вратите за европска интеграција на земјата се затвараат, денеска се состана Централното претседателство на Алтернатива и констатира дека за нас згаснува еден повод поради кој ние станавме дел од оваа влада. Да напоменеме дека ние станавме дел од мнозинството и на извршната власт токму поради евроатлантската интеграција, рече вечерва на прес-конференција Гаши.

Според него, како партија дале придонес во процесот за членство во НАТО, но фактот што другата врата на интеграцијата на државата – таа за Европската унија е пред сериозна пречка, е доволен повод земјата да оди на неопходни предвремени избори.

– И покрај одлуката на ЕУ за одбивање, независно од тоа дали ќе бидеме дел од ЕУ или не, остануваме посветени во градење на правна, развиена и типична европска држава. А во духот на платформата „Наше огниште“, за нас не поважно од интеграцијата е токму благосостојбата, правдата и развојот. Според Алтернатива, веќе е крајно време нашите граѓани да сфатат дека доброто не доаѓа од надвор, туку треба да се произведе внатре во нас и за наше добро, рече Гаши.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он