Ахмети: Изборите се најдобро решение

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети изјави дека изборите се најдобро решение, по недобивањето на датумот за започнување на преговорите.

– Мислам дека најдоброто решение за нашата земја е да се оди на вонредни избори. Јас би сакал да не се бара вина бидејќи е неприфатливо да се прифати неправедна вина. Вината не се наоѓа кај земјите аспиранти и најдоброто решение е да се направи нова понуда за граѓаните, изјави Ахмети.

Според него, од недобивањето датум, не треба да се разочаруваме, туку да се организираме и да бидеме поуспешни во почнатите реформи.

-Зошто да ја прифатиме вината која ја немаме направено. Имаше и канцелари од цела Европа кои истакнаа дека грешката е во нив затоа што како ние и Албанија ги исполнуваме сите барањата на ЕУ, наведе Ахмети кој присуствуваше во изборот на новото раководство на ДУИ во Желино.

И НАТО и ЕУ, посочи, се изградени врз принципите на консензуалноста.

– Сите се согласија дека тоа се е договорено и оти треба да ги отвориме преговорите, но ние не сме тие што одлучуваме. Франција која не се согласи да даде зелено светло, поднесе една програма, опција што се обидува да ја инсталира и да ги промени политиките на ЕУ за земјите што сакаат да се придружат или отварат преговори. Останува задача на Унијата да дискутира за новата филозофиа која ја пружи оваа земја членка, рече Ахмети.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски