А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Вацлав Клаус и препорача на Грција да прифати заедничка валута со Македонија

by А1он12/03/2013 - 08:2912/03/2013 - 08:31244
Share0

Вацлав Клаус, доскорешниот претседател на Чешката Република, на шега и препорача на Грција да прифати заедничка валута со Македонија, како излез од финансиските проблеми и надминување на спорот за името. Клаус зборуваше за економската криза во Грција и во Европа во целина во либертаријанскиот институт Кејто во Вашингтон, каде препорача Грција да ја напушти Европската Унија.

Добивај вести на вибер

На прашањето за грчкото вето за македонските интеграции, Клаус одговори:

– Не сакам да давам силни изјави. Се сеќавам кога бев на самитот на НАТО во Букурешт со другите 28 шефови на држави. Поминаа осум часа, од 20 часот вечерта до 4 утрината, обидувајќи се да ја убедиме Грција да ја смени позицијата. И јас учестував во таа дебата, и што друго да кажам. Би требало да имате една валута со Грција. Можеби тоа би го решило проблемот, да и предложите на Грција да имате една валута, и ќе видиме, изјави претседателот Клаус, кој беше на чело на Чешка од 2003 година до минатата недела.

Во своето обраќање Клаус, кој е познат како чест критичар на Европската Унија, препорача спроведување на суштински промени во ЕУ и во начинот на нејзино функционирање, со цел да се спаси европскиот проект. Тој препорачува исклучување на држави од евро-зоната и нејзино сведување на околу осум од сегашните 17 држави.

– Не верувам дека ЕУ треба да се укине, се уште може да се реформира. Но, сметам дека сме на крстопат и не можеме да продолжиме напред вака. Мислам дека е можно неколку држави да си заминат и се ќе биде подобро, изјави Клаус.

Ваквото исклучување на држави од евро-зоната тој го спореди со разделбата на Чешка и Словачка од заедничката држава Чехословачка. Според Клаус, заминувањето на Грција, кој претставува околу два проценти од европската економија, ќе биде многу помала траума отколку што била ‘кадифената’ разделба на Чехословачка, каде помалиот партнер, Словачка, претставувал дури една третина од економијата.

imetovaluta

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен