А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Борисов: ЕУ ќе направи историска грешка ако ги одбие Скопје и Тирана

by А1он17/10/2019 - 16:2017/10/2019 - 16:23372
Share0

Северна Македонија и Албанија треба да добијат датум за преговори. Би се направила историска грешка ако не им допуштиме да ги почнат преговорите. Тоа ќе биде тежок удар за народите на двете држави кои заслужуваат да им биде дадена европерспектива, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на состанокот на лидерите на ЕУ на кој треба да се расправа и за проширувањето на Унијата.

Добивај вести на вибер

– Доколку биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат – што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина. Тој вакуум не може да опстојува и ќе мора да биде пополнет од некој друг и тоа не е добро за Бугарија, истакна претседателот на бугарската Влада.

Борисов рече дека не може да ги разбере тврдењата дека постојат ризици од пристапувањето на двете земји.

– Северна Македонија според население и територија е колку Софија и каков ризик може да биде? Таа е како мал европски град и не е во ред да си го покажуваме карактерот против нив. Не сум согласен со тоа. Но, многу од големите европски држави имаат внатрешни проблеми и најлесно е да најдеш надворешен непријател на кого ќе ја префрлиш вината, изјави Бојко Борисов.

bugarijaeu

Би можело да ве интересира

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Горан Наумовски20/03/2026 - 12:35

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 14:38

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 17:17

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен