Братот на иранскиот претседател почна со отслужување на затворската казна

Од:

Хосеин Ферејдун, брат на претседателот на земјата Хасан Рохани, кој на почетокот на октомври беше осуден на петгодишна затворска казна поради корупција, од денеска е во затвор.

Тој беше обвинет за повеќе „финансиски кривични дела“, вклучувајќи и примање мито.

Ферејдун беше посебен советник на Рохани и работеше со преговарачкиот тим на Исламската република во 2015 година, задолжен за склучување на нуклеарниот договор со меѓународните сили – САД, Велика Британија, Русија, Кина, Франција и германија.

Беше уапсен во јули 2017 година, а судењето почна во февруари годинава. Со конечна пресуда казната му беше намалена од седум на пет години, а исто така, ќе мора да плати и парична казна и да ги врати парите од митото.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел