Азманов: Тушевски ме рекетираше, барав помош од Бошкоски

Од:

На денешното продолжение на судскиот процес за убиството на Марјан Тушевски, бизнисменот Зоран Азманов како сведок сосема контра тврдењето на обвинителството.

Бизнисменот Зоран Азманов изјави дека не се познавал со поранешниот министер Љубе Бошкоски но призна дека го запознал Марјан Тушевски кој од него и од 50 приватни стопанственици изнудувал рекет. Азманов потврди дека покојниот Тушевски во два наврата му барал огромна сума пари, а кога одбил, Тушевски физички го нападнал и ја уништил неговата канцеларија.

По ова бизнисменот кажа дека се обратил до Љубе Бошкоски, и побарал помош. Бошкоски му кажал дека не го познава Тушевски, но ќе направи се што е во негова моќ да престане малтретирањето.

-Јас го барав Борис Трајковски кога ме рекатираа и тој тогаш преку Кецковски ми даде број од Љубе Бошкоски, Тој ми рече дека не го познава, ама дека ќе направи нешто. Јас реков – приведете го и да видиете каков е и од тогаш Тушевски не се појави.

Азаманов го демантираше исказот на Александар Василевски, викан Нинџа, кој тврдеше дека токму бизнисменот и Љубе Бошкоски во 2001 година го ангажирале Тушевски да ги запали магацините на Азманов, со цел потоа да добијат отштета и да ги поделат парите. Азаманов потврди дека магацинот навистина изгорел, но една година порано од датумот за кој тврдеше Нинџа. Дополнително било утврдено дека пожарот бил предизвикан од неисправна инсталација.

Тој ги отфрли како несериоззни тврдењата на Нинџа, кој пред исказот имаше сосема поинаква изјава отколку што ја даде таа во судницата.

Адвокатите на Бошкоски сметаат дека исказот на Зоран Азманов само ја потврдува невиноста на екс министерот, за кого во целиот досегашен процес нема ниту еден материјален доказ дека е замешан во убиството на Тушевски.

Дополнително сите изјави на сведоците кои сведочеа против Бошкоски беа дека наслушнале дека така се зборува или пак слушнале на некој од медиумите за убиството. Адвокатите тврдеа дека целото обвинение против Бошкоски нарачано и несериозно, без никаков доказ, посебно што и заштитениот сведок не понуди такво нешто.

Предраг Петровиќ

Би можело да ве интересира

Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

A1on

(ВИДЕО) Детали за инцидентот во Лисиче: Напаѓачот пукал кон таткото на Самоил, паднал од мотор и избегал

A1on

Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

A1on

Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

А1он

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

ВИДЕО: Го бара ли некој киднапираниот Самоил – И по еден месец се уште ни трага од него

Анита Петровска Рајковиќ