Туристичката понуда на Охрид и Македонија презентирана на Меѓународниот саем во Берлин

Од:

Туристичката понуда на Охрид и на Македонија беа презентирани на туристичкиот саем во Берлин.

Потврда на угледот на саемската манифестација, што се одржа од 6 до 10 март, и што важи за една од водечките во светски рамки е податокот дека оваа година манифестацијата ја посетиле над 200 илјади посетители, а своите потенцијали во областа на туризмот ги претставиле повеќе од десет илјади излагачи од целиот свет.

Општина Охрид во соработка со Агенцијата за промоција на туризмот, на својот штанд покрај своите автентични вредности, заедно со повеќе балкански тур-оператори и партнери, промовираше регионален пристап во привлекувањето на потенцијалните гости. Охрид со својата понуда се најде на повеќето туристички мапи кои промовираат културен, религиски и еко-туризам.

Покрај големата посетеност и остварени бројни контакти, Охрид и Македонија најдоа посебно место во германскте медиуми, а беше реализирана и кратка телевизиска сторија за продукциската куќа „ФМ Медиа“.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ