Поранешни вработени во скопската фабрика „Охис“, која е во стечај, денеска повторно излегоа на протест и побараа исплата на 24 неисплатени плати. Тие ја блокираа улицата пред Собранието.
Бараат исплата на побарувањата од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и придонеси од плата за 16 месеци. Имаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година.
Велат дека протестираат секој вторник и петок дури не им се исполнат барањата.
Досега, повеќепати протестираа пред надлежните институции и имаа средби со владини претставници. За денеска, како што велат, немаат најави за средба со некој од институциите.