Курти: Српска листа не е српската заедница

Од:

Кандидатот за премиер на Косово, лидер на Движењето Самоопределување, Албин Курти, изјави денеска дека Српска листа (СЛ), која ги освои сите 10 српски мандати во косовското собрание на последните парламентарни избори, „не е српската заедница“, дополнувајќи дека Уставот на Косово не кажува дека во владата мора да биде човек од таа партија.

– Првиот и најважниот чекор во формирањето идна влада е коалицијата и договорот на Демократскиот сојуз на Косово и нашето движење. Свесен сум дека ако имаме 12 министерства, барем еден министер мора да биде од српската заедница, но нашиот устав не вели дека тој човек мора да биде од СЛ. Српска листа не е српската заедница, изјави Курти за Ал Џезира.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија