Францускиот фудбалски прволигаш Лион официјално објави дека Руди Гарсија е нов тренер на тимот, кој потпиша двегодишен договор.
Гарсија на клупата на Лион доаѓа на местото на Силвињо, кој беше отпуштен минатата недела поради слаби резултати. Управата на Лион разговараше и со други кандидати, се спомнуваше Лоран Блан, но со него не се постигна договор, бидејќи тој барал да се смени целиот стручен штаб, и сам да си бира соработници.
Гарсија (55) се согласи да си донесе само еден помошник. Тој е поранешен тренер на Сент Етјен, Дижон, Ле Ман, Лил, Рома и Олимпик Марсеј.