Путин: Не нè радува ширењето на НАТО кон границите на Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ширењето на НАТО кон границите на Русија не ја радува Москва.

– Тоа е воен блок и кога нејзините инфраструктурни објекти се шират до нашите граници, тоа не нè прави среќни, рече Путин во интервјуто за Раша Тудеј и Скај њуз Арабија.

Како што рече, Русија на тоа го гледа како на закана, иако НАТО се обидува да ја убеди Русија дека не претставува закана.

– Отсекогаш сме го чувствувале тоа и повеќепати сме им го кажале тоа, но тие постојано одговараа: Не плашете се, тоа не е против вас, нема потреба да се плашите. НАТО се трансформира, таа веќе не е воена организација, не е агресивна, рече Путин.

Затоа, додаде Путин, Русија ќе продолжи да работи на подобрување на своето оружје за да одговори на каква било форма на агресија.

– Русија има најсовремено оружје што никој во светот го нема, потенцираше Путин.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија