Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по втор пат по ред е избран за тренер број еден во Премиер лигата.
Тимот од Мерсисајд победи на сите три натпревари во англиската елита во септември против Њукасл, Челзи и Шефилд Јунајтед.
Сезоната се развива совршено за Ливерпул досега. Европскиот шампион има 17 последователни победи во ПЛ и во моментов има осум бода предност пред шампионот Манчестер Сити.
Ова е петта ваква награда за Клоп, кој заврши пред Еди Хау, Френк Лампард и Брендан Роџерс во конкуренцијата за септември.
Наградата „Играч на месецот“ ја доби офанзивниот фудбалер на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, кој постигна пет гола на четири натпревари за тимот од Лондон во текот на овој период.
Од почетокот на сезоната, тој има вкупно седум гола и е само на еден од најдобрите стрелци – Тами Абрахам и Серхио Агуеро.
За Габонецот, ова е втора награда за Играч на месецот“, откако првата ја освои пред една година.