На повидок компримис меѓу Велика Британија и Ирска околу Брегзит

Од:

По средбата со британскиот премиер Борис Џонсон ирскиот премиер Лео Варадкар изјави дека постои можност двете страни да постигнат спогодба до крајот на октомври, пренесе Гардијан.

Варадкар и Џонсон се сретнаа да видат дали можат да постигнат напредок во британските преговори со Европската Унија за британското напуштање на Унијата, пренесуваат агенциите.

Џонсон се сретна со ирскиот колега во последен обид за заживување на британскиот предлог за Брегзит, за кој ЕУ кажа дека е далеку помалку од тоа што е потребно за договорено заминување на Велика Британија, особено за прашањето на ирската граница, пренесоа денеска британските медиуми.

„Овде сме, во Чешир, во Велика Британија, да разговараме за Брегзит. Се радувам на деталниот разговор за да видиме дали можеме да постигнеме напредок“, напиша Варадкар на Твитер, на кој и постави фотографија од средбата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Англија ја совлада Ирска

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on