(ВИДЕО) Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ бара обврзувачко полиграфско тестирање по секој настап на Заев

Од:

„Зошто Зоран Заев го фаворизира Арачиново, a ги запоставува другите села по општината? Доколку на арачиновци им ветил 300 пилоти, зошто тогаш нема барем по 100 во околните Брњарци, Мојанци или Орланци?

Колку пилоти би требало да добие Липково коешто е поголема општина? Дали нив планира да ги направи морнари или пак космонаути?

Зошто Арачиново би го правел Авиано, а не пак соседен Никуштак? Тоа што го ветил Заев пред избори е класична дискриминација. Кадешто СДСМ има сигурен кандидат за градоначалник како награда Зоран Заев ветувал по 300 вработувања за пилоти, а таму кадешто губи ги запоставува мештаните“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Штом зине лаже. Сведочењето на жителите од Арачиново е болно да се гледа. Јасно е дека после лагите на Заев и пустошот којшто го направи СДСМ им останува само да одат по амбасадите и да бараат визи за да купат карти во еден правец.

Зоран Заев е македонскиот Барон Минхаузен. Затоа бараме обврзувачко полиграфско тестирање после секој настап на Зоран Заев.

Тешко на тој полиграф на којшто ќе биде врзан Зоран Заев. Ниту гаранција ќе важи, ниту пак ќе може да се сервисира, ама набавката на нов полиграф ќе биде помала штета за државата од живеењето со лагите на Заев“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава