„Љубе Бошковски од занданите порачува да ја продолжиме борбата за ослободување“, рече на трибината во Битола, Раде Милосовски од Обединети за Македонија.
Ги поздрави, како што рече, оние припадници на ВМРО-ДПМНЕ, кои го победиле стравот и дошле во Домот на културата во Битола.
Обврска на овие 4 партии, рече, е да го победиме овој ненароден режим. Им порача на Груевски и Јанкуловска: „Тргнете ги рацете од Бошкоски. Не не терајте да бидеме реваншисти“.