Во рамките на 28-то коло од италијанската Серија А, денес се одиграа 6 натпревари, а првакот Јувентус направи нов поход кон освојување на титулата и оваа година, откако во финишот на мечот успеја да го скрши отпорот на Катанија и да победи со минимални 1:0.
Шампионот на Италија моментално има 9 бода предност пред второпласираниот Наполи кој денеска доживеја пораз од Киево со 2:0.
Единствениот гол за „Старата Дама“ го постигна Џакерини во судиското продолжение од натпреварот.
Наполи и Пандев не успеаја да се радуваат и денес на победа, откако во Верона загубија од Киево. Драме во 12-та и Тереу во 43-та минута беа стрелци за победа на домаќините. Нашиот репрезентативец Горан Пандев, мечот го започна од клупата за резервни играчи, па во игра влезе во 63-та минута на местото на Зунига.
РЕЗУЛТАТИ: Аталанта – Пескара 2:1, Каљари – Сампдорија 3:1, Киево – Наполи 2:0, Јувентус – Катанија 1:0, Палермо – Сиена 1:2, Парма – Торино 4:1, Интер – Болоља (20:45), Лацио – Фиорентина (20:45).