(Видео) Османи врши увид на проектите финансирани од ИПА-фондовите

Од:

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, објави видео на неговиот фејсбук-профил во кое наведува дека врши проверка на имплементацијата на проектите кои се спроведуваат со средства од ИПА-програмата.

На видеото на неговиот „Фејсбук“ е прикажано како првиот човек на Секретаријатот за европски прашања спроведува мониторинг на новоизградениот царински терминал на граничниот премин Северна Македонија – Албанија.

Османи во видеото вели дека околу 1,2 милијарди евра даночните обврзници на Европската Унија ги даваат како неповратни средства за Северна Македонија од 2007 до 2020 за конкретни проекти што ќе ги изградат институциите, но и ќе го трансформираат општеството во европско општество.

„Како национален координатор за овие средства од ЕУ, мојата улога е да ги програмирам, да ги мониторирам и да ги надгледувам проектите кои се имплементирани преку овие средства. Денеска сум во Струга, Ќафасан, за да мониторирам и да извршам надзор на еден значаен проект на изградба на царински терминал на граничниот премин Северна Македонија – Албанија изграден токму со овие средства, со околу еден милион евра од ИПА-средствата создаваме услови за еден современ стоп шоп меѓу Северна Македонија и Албанија“, посочи вицепремиерот за европски прашања.

Би можело да ве интересира

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Разрешена е Афрона Верзиволи од должноста вршител на должноста главен ревизор на ИПА фондовите

Горан Наумовски

Коалиција Вреди: Пред неколку дена го повлековме именувањето на Вервизоли

Влада: Афрона Веризволи утре ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите

Горан Наумовски