Филмскиот хит на годината урива рекорди, но има и исплашени луѓе кои бегаат од кината

Од:

Во првиот викенд од прикажувањето, филмот „Џокер“ крена многу прашина, а странските медиуми пишуваат за гледачи кои ги напуштале кино-салите бидејќи филмот бил премногу вознемирувачки за нив. Во петокот, филмот само во САД заработи 39,9 милиони долари, а се проценува дека до крајот на викендов ќе заработи 92 милиони долари.

За некои, мрачната и насилна приказна во која Жоакин Феникс го портретира кловнот Артур Флек, кој подоцна станува еден од најголемите противници на Бетмен, сепак е малку претешка.

„Само што излегов од проекција на ‘Џокер’. Беше премногу страшно во контекст на она што се случува околу нас, мислам дека во филмот се глорифицираат оружјето и менталните проблеми“, напишал еден гледач на социјалните мрежи.

„Само што излегов од ‘Џокер’. Волку исплашен во кино не сум бил одамна“, додава друг.

„Никогаш досега немам излезено од кино проекција, но на ‘Џокер’ бев навистина близу. Ќе си отидев по еден час, но сопругата не ми дозволи. Немојте, луѓе“, пишува трет посетител на кино проекција на овој филм.

Феникс и режисерот Тод Филипс во своите интервјуа го бранеа филмот, велејќи дека веруваат оти публиката ја знае разликата меѓу доброто и злото. Филипс додаде дека е изненаден од реакциите за „Џокер“ бидејќи тој се стреми да ги прикаже последиците од насилството во реалниот свет, што вообичаено не се прави во играните и анимирани филмови.

За време на филмскиот фестивал во Њујорк, 48-годишниот режисер изјави дека неговите прикази на насилство не се глорификација на истото, што според него, може да се види во други филмови.

Иако американската полиција е на готовс, прикажувањето на „Џокер“ засега минува без поголеми инциденти. Еден човек во Њујорк аплаудирал секој пат кога Џокерот ќе убие некого, а сведоците тврдат дека пред проекцијата на филмот тој истурил шише текила во неговиот голем сок.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ