Солскјер: Теренот на АЗ Алкмар е еден од најлошите кои сум ги видел

Од:

Манчестер јунајтед утревечер ќе гостува кај холандски АЗ Алкмар во меч од Лига Европа, а менаџерот на „црвените ѓаволи“ веќе има алиби за евентуалниот неуспех.

Оле Гунар Солскјер, по тренингот на стадионот во Хаг, изјави дека теренот на кој ќе се игра мечот е еден од најлошите кои ги видел во животот. Теренот на кој АЗ Алкмар привремено игра како домаќин има вештачка трева.

– Во ред е да има вештачка трева на Северниот пол или кај мене во Норвешка кога во март, ноември или декември не може да се игра фудбал. Но, тука во Холандија, климата не е таква, изненаден сум. Во Норвешка има многу терени со вештачка трева, но овој е еден од најлошите терени што сум ги видел. Ќе биде тешко да се контролира топката. Се надевам дека по мечот нема да го кажувам ова како оправдување и дека ќе освоиме три бода, рече Солскјер.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

Холанѓаните се први четвртфиналисти на СП во Катар