Анџелика Бенгтсон имаше многу среќа на Светското првенство во атлетика во Доха. Таа имаше инцидент кога при последниот, трет скок на височина од 4,80 метри, ѝ се скрши стапот и таа падна.
Сите останаа во шок, а Швеѓанката лежеше без да се помести, додека судиите не пристигнаа да и помогнат. За среќа помина без повреди.
Бидејќи немаше стап за третиот обид, позајми еден од Французинката Нинон Гвилон-Розмари која веќе го заврши натпреварувањето.
Третиот обид беше повеќе од успешен: постави свој личен, а и државен рекорд на Шведска.
Бенгтсон потоа не успеа на следното ниво од 4,85 метри, но ова е огромен успех за неа и нејзиниот настап на СП во Катар.