(ВИДЕО) Арсовски: Фирма блиска до Заеви добила грант за украдена и ископирана апликација

Од:

Фондот за криминални иновации на СДСМ им служи како приватна фирма единствено за испумпување пари. Заеви и СДСМ преку Фондот за иновации испумпаа над 10,5 милиони евра пари на граѓаните, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на денешната прес-конференција, нарекувајќи ја оваа институција „Фонд за криминални иновации“.

„Фирмата ПАУЕРАД ИНТ ДООЕЛ СТРУМИЦА блиска до Заеви добила грант од 220.000 евра, но она што е скандалозно е дека апликацијата за рекламирање на фирми преку автомобили, за која се доделени овие 220.000 евра, е замислете ни помалку ни повеќе, украдена и ископирана. И како идеја и како интерфејс самата апликација.

Како што кажа тој, апликацијата и идејата се ископирани од американска фирма која е оперативна и функционира од пред 2015. година.

„Затоа прашуваме, што е иновативно во оваа украдена идеја за да се доделат 220.000 евра? СДСМ е иновативна единствено во крадењето. Ова не е прв случај да додели Заев на негови блиски стотици илјади евра за украдена апликација“, рече Арсовски и додаде дека СДСМ и Заеви и натаму молчат за сопствеништвото на фирмата „Еленица“ во периодот кога фирмата „ПауерАД“ аплицирала за грантот.“, наведе Арсовски.

„Да потсетиме дека фирмата е отворена на 09 февруари 2018 година. Повикот за аплицирање е објавен на 24 април истата година. А, јавниот повик траел до 11 јуни 2018. Заеви со ‘Еленица’ излегуваат од фирмата и му ја оставаат на актуелниот сопственик на 7 август 2018 кога во ек е најголемиот скандал со криминалните иновации“, објасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и истакна дека одговорност мора да има за сите неправилности кои се случуваат.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава