Пред 105 години, на 9. март 1908 година, основан е италијанскиот клуб Интер од Милано.
Во текот на нешто повеќе од еден век постоење „нероаѕурите“ станаа еден од водечките клубови во италијанскиот, европскиот и светскиот фудбал.
Се започнало така, што во редовите на нивниот градски ривал Милан доминирале италијани. Друга група на италијани и швајцарци одлучиле да основаат свој клуб во кој ќе можат да настапат и странци. Од тука произлегува и името на клубот „Internacional“.
Првото скудето клубот го освоил сезоната 1909/10, а до денес „нероаѕурите“ донеле вкупно 18 пехари под наслов најдобра екипа во Италија (17 освоени и еден доделен од сезоната 2005/06). Интер има и седум титули во Купот, како и пет во Суперкупот на Италија.
Шампиони на Европа, „нероаѕурите“ биле во 1964, 1965 и 2010 година, а УЕФА купот го освоиле во 1991, 1994 и 1998 година.
Многу успешно, во последните 18 години, на чело на клубот се наоѓа италијанскиот бизнисмен, Масимо Морати.