Кристијан Колмaн е најбрзиот човек на светот

Од:

Американскиот спринтер Кристијан Колмaн победи на трката на 100 метри за мажи на Светското првенство во атлетика кое се одржува во Доха.

Колмен ја оправда фаворитската улога, најкратката патека ја истрча за 9,76 секунди, што е за пет стотинки подобро од досегашното најдобро време сезонава, и шести резултат на сите времиња.

Сребрениот медал го освои ветеранот Џастин Гетлин од САД, кој одвај се пласираше во финалето, а успеа како втор да мине низ целта. Третото место го освои Андре Де Грас од Канада со личен рекорд од 9.90 секунди. Ова беше брза трка, Јохан Блејк од Јамајка истрча под десет секунди (9,97), а заврши како петтопласиран.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди