Живко Мукаетов и официјално е нов претседател на Ракометната Федерација на Македонија на денешното Собрание каде што доби едногласна поддршка за неговата нова функција. Вкупно 41 делегат беа присуни и сите го дадоа својот својот глас на Мукаетов. Тој ќе биде новиот предводник на македонскиот ракомет.
Поранешниот претседател, Михајло Михајловски изјави дека верува во Мукаетов и дека тој ќе смени некои работи во ракометот.
„Живко Мукаетов е голем љубител на спортот, посебно на ракометот. Има одлични контакти и тој одлично ќе ги искористи, направен е вистински избор“ – изјави Михајловски.
Самиот Мукаетов вели дека ќе направи се што е во негова моќ за да го подобри ракометот и да воспостави дисциплина и со напорна рабора верува во успех.
„Можам да кажам дека во ракометот влегувам со многу ентузијазам како голем љубител на спортот. Навистина неможам да ветам дека за еден месец ќе го постигнеме посакуваниот резултат, но по природа не сум човек што се откажува, јас сум борец и можам да ветам дека ќе дадам се од себе. Треба да бидеме реални дека патот за Данска ќе биде многу тежок и неизвесен. Доколку постигнеме успех и се пласираме на ЕП, клучното прашање е што потоа? Ќе се потрудам македонскиот ракомет да функционира поинаку одсега панатаму. Да ги оставиме суетите на страна и да се сконцентрираме на конкретните задачи за враќање на ракометот и во помалите градови, кои до пред извесно време беа големи спортски центри. Квалитет имаме само треба добро да се реализира сето тоа“ – заврши Мукаетов.
На денешното Собрание беа присутни и претседателот на СЕХА-лигата, Санди Шола, како и Васил Тупурковски И Владимир Богоевски претставници од Македонскиот Олимписки Комитет.