ВМРО-ДПМНЕ: Власта се обидува по секоја цена да ги замолчи медиумите

Од:

Зоран Заев е заглавен до гуша во криминал. Аболицираниот Заев е исплашен бидејќи корупцијата , расипништвото и неспособноста на неговата власт се главна тема во медиумите. Токму поради тоа се обидува по секоја цена да ги заплаши и замолчи, велат од ВРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Криминалната банда на власт се плаши од вистината за нејзиното владеење и поради оваа причина врши притисоци и им се заканува на медиумите.

Затоа кривично гонат новинари и медиуми. Пратеникот на СДСМ и поранешен Генерален секретар, Александар Кирацовски лично го тужи директорот на „Прва Република“ за текст објавен на порталот „Република“ во кој се пренесува туѓ став.

За жал ова не е изолиран случај па така откако Заев и речиси целиот државен врв најавија тужба за уредникот на порталот „Инфомакс“, Александар Митовски наредбата ја спроведе Јовевски и обвинителството. Митовски заработи кривична пријава за наводно оддавање на службена тајна откако ја објави вистината за најголемата криминална афера во историјата на Македонија, аферата Рекет.

На денот кога новинарите одржуваа протест против цензурата и притисоците врз медиумите полицијата влезе во уште една информативна редакција. Полицијата влезе во редакцијата на порталот „НетПрес“ поради објавен текст за аферата „Леонардо“ во која лично е вмешан еден од најблиските соработници на Зоран Заев, Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Претходно новинари беа повикувани на службени разговори наместо криминалците од власта.

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува нападите врз медиумите, нападите врз слободата на говорот. Медиумските слободи и слободата на говор се едни од основните постулати на Европската Унија кон чие членство се стреми Република Македонија. Заев во обид да го заштити криминалот ја загрозува иднината на сите граѓани на Република Македонија. Попусти се притисоците и заканите вистината секогаш излегува на виделина.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата