Нова победа на Ливерпул во Премиер лигата

Од:

Триумфалната серија на Ливерпул во Премиер лигата продолжи и денеска, со победата од 1:0 на гостувањето кај Шефилд јунајтед.

Европскиот првак среќно дојде до новите три бода. Стрелец беше Џорџинио Вајналдум во 70-та минута, по големата грешка на голманот на Шефилд, Дин Хендерсон. Наместо рутинска одбрана по шутот на Вајналдум, топката мина низ рацете и нозете на голманот Хендерсон, и влезе во голот. За Вајналдум ова е 22-ри гол во неговата премиерлигашка кариера, а само трети на гостински терен.

Голот на Вајналдум беше и првиот шут на гостите во рамките на голот на Шефилд. По седум одиграни меча сезонава, Ливерпул има максимални 21 бодови.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во третото коло од Премиер лигата

Јунајтед донесе играч за врска од Мали

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Кашемиро: Не потценувам, но Премиер – лигата е многу потешка од Ла Лига