(ВИДЕО) Попова: Шилегов да одговори, дали зад продажбата на градската куќа по багателна цена се кријат провизии и однапред се знае купувачот

Од:

Зад скандалот со продажбата на градската куќа од страна на Шилегов стои сомнеж за криминал, криминални интереси и провизии, рече Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје, на денешната прес-конференција.

„Неговите тврдења со кој тој ја штити криминалната бонбона бизнис се лажни, небулозни, плитки и површни.

Ако Градската куќа како што вели Шилегов е на несоодветен простор, тогаш зошто тој како градоначалник вложи 3 милиони евра за нејзино
финализирање, инвестирајќи во проект кој за него е промашен, освен ако не сака да почасти некој купувач со ваков капитален објект за Скопје.

Дали со ваквите критики тој свесно не сака да ја спушти цената за зградата која сега ја продава под нејзината реална вредност.

Дали обвинувањата на Шилегов дека Градската куќа е претесна, не е само поради фактот дека на последните две седници на советот далеку од очите на јавноста протурка 423 партиски вработувања, во Водовод, ЈСП, од кои 186 вработувања на партиски војници директно во администрацијата на Град Скопје?

Крими Шилегов треба да одговори на неколку основни прашања: Зошто новата Градска куќа ја продава по цена далеку од нејзината вредност, и зошто новиот купувач го части со гратис комуналии, и бесплатно државно земјиште кои Градот Скопје ги обезбеди за оваа зграда?

Дали однапред се знае кој ќе ја купи Градската куќа, и дали во прашање се провизии кои ќе легнат на нечија сметка за ваквиот бонбона бизнис?

Дали е точно дека Шилегов таксал зграда стара неколку децении која се наоѓа пред Градскиот трговски центар, во замена на новата изградена Градска куќа?

Две години крадоначалнил Шилегов, две години лаги, криминал и неработа.“, наведе Попова.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт