А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се што вети пред да дојде на власт погази

by А1он28/09/2019 - 08:54262
Share0

СДСМ се што вети пред да дојде на власт погази. Единствената реформа на Владата на Заев се зголемените даноци коишто ги воведе од 1-ви Јануари 2019 година, па поради тоа голем дел од претприемачите, стопанствениците својот бизнис го селат во околните држави, велат од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

Добивај вести на вибер

„Ветуваа зголемени пензии, достоинствен пензионерски живот, а денес пензионерите имаа покачена пензија од нецели 36 денари.

Ветуваа 500 километри автопат, а им требаа речиси три години готовиот автопат којшто го имаа од Миладиновци до Штип да го пуштат во употреба. Од експресниот автопат од Росоман до Прилеп ни трага ни глас.

Инвеститорите си бегаат од Република Македонија, а пример за тоа е изведувачот од шпанската компанија „Рубау“. Тие се спакуваа, ја напуштија и ја тужат Македонија за десетици милиони евра оштета.

Ветуваа правда и мир, а нарачките им ги извршуваат обвинители, судии коишто се длабоко со рацете во криминал фатени. Русковска обвинителство го заврши случајот „Рекет“ со само тројца осомничени коишто го направиле сето ова, го осмислиле и прибрале милиони евра.

Русковска обвинителство ги заштити функционерите од власта со прикривање на докази.

Целокупните политики на криминогената влада се само како да направат за нив и за блиските до нив да им биде добро.

Потребна е генерација која што не ветува чуда, генерација која што сака да биде слуга на народот и која што заедно со граѓаните може да покаже дека Македонија можела поинаку и дека Македонија има капацитет за поинаку од ова темнило кое што денеска е секојдневие.

Време е да се врати достоинството на Македонија. Потребна е обнова на Република Македонија.“, се наведува во соопштението.

dpmne

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 11:10

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто